Ѓорче Петров е првата Општина во Град Скопје што добива нов мегапарк, ова денеска преку статус на Фејсбук го објави градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
„На нова паркова површина од над 31.000 квадратни метри која ќе изобилува со зеленило, уредени патеки, спортски, забавни содржини и осветлување денеска стартуваше изградбата на мега-паркот во Ново Село.
Почетокот на изведбата го означивме заедно со Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје. Ова е заеднички проект реализиран од страна на двете институции.
Паркот ќе биде од исклучително значење за нашата општина, за околу 45.000 жители кои ќе го посетуваат и во него ќе го поминуваат своето слободно време.
Дрвјата што ќе се засадат во овој парк ќе растат заедно со нашите деца, како потврда за напорите што јас и градоначалничката Арсовска ги вложуваме за зазеленување на јавните површини и за поздрава и почиста животна средина.
Ова е прв капитален проект од ваков тип што се реализира во Ѓорче Петров. Претходно, оваа површина беше депонија која ја загадуваше целата околина“, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.