Советникот во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски, изјави дека треба сериозно да се разгледа можноста за кривична постапка за градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за неисполнување на законските обврски и надлежности согласно закон.
Денеска ја видовме целата неспособност на градоначалничката и точната дијагноза зошто Скопје е во катастрофална состојба. И од оваа ситуација Данела Арсовска најде причина да се скара, причина да одбие помош и причина да не сработи она што е нејзина надлежност и одговорност, рече Стојановски.
Тој дополни дека, како што рече „ќе сторат сè што е во нивна моќ да ги корегираат нејзините испади, неработење и неодговорно и детско однесување“.
СДС ја киднапира Арсовска држејќи ја и уценувајќи ја за криминални и неморални постапки. И сега како, што СДС е измеќар на ДУИ, Арсовска е на СДС, рече тој.
Во однос на прашањето зошто Советот не ги гласа програмите на Арсовска и што ќе направат за да ги решат проблемите, Стојановски одговори дека тоа што сите советнички групи не ги гласаат програмите е доказ дека не се доволно потковани.
Ние како советничка група сме секогаш подготвени да изгласаме сè што е во интерес на граѓаните, што е во рамките на законот, но никако поинаку, никако во интерес на Арсовска и нејзините бизнис зделки, посочи советникот.
На прашањето на што ќе биде заснована кривичната постапка која ја најави, Стојановски одговори дека ќе биде за неисполнување на обврските.
Треба да се разгледав можноста заради неисполнување на своите обврски и надлежности, на неа лично како градоначалник, и тука ќе видиме правно како би одела таа постапка, затоа што ако еден градоначалник не ги исполнува своите обврски, треба да понесе кривична одговорност зошто е тоа така, рече тој.
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, на прес-конференција, ги обвини советниците од редовите на владеачката партија за блокада во Советот, а одговорноста за проблемите со кои се соочува Градот рече дека треба да се бара кај нив.
Арсовска вели дека советниците на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ блокираат планови за работа без кои што претпријатијата не само што не можат, туку и не смеат да работат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.