Ви благодарам за присуството на денешниот настан. На мое задоволство денес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сме во посета на населеното место Булачани каде започнуваме на реализација на уште еден нов капитален проект во општина Гази Баба, рече градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
-Денес започнуваме со изградба на нова спортска сала во основното училиште „Наум Охридски“ тука во Булачани. Ме радува фактот што скоро после 60 години од постоење на училиштето за првпат започнуваме со изградба на спортска сала во која што учениците од Булачани ќе имаат можност да ги реализираат часовите по физичко и здравствено образование. Вкупната инвестиција на овој проект е 32 милиони денари. Инвестирајќи во образованието и во спортот, ние инвестираме во нашата иднина. Инвестирајќи во младите, инвестираме во силни и здрави генерации кои што бидат иднината на нашата држава, истакна Стефковски.
Ме радува фактот што во почетокот на оваа 2023-та година се реализира голема градежна офанзива во општина Гази Баба, во сите населени места. И Гази Баба од ден на ден добива нов лик, додаде Стефковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.