Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски оддржа прес-конференција на која информираше за новонастанатата состојба со детската градинка Детска радост.
Откако не успеаја да направат политички притисок врз мене за да ја поништам одлуката за разрешување на директорката на детската градинка „Детска радост“, Министерството за труд и социјална политика ѝ ги одзеде надлежносите на општината. Оваа одлука донесена од страна на Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска е незаконита и политички мотивирана, рече Стефковски.
Тој нагласи дека има информации дека во Министерството за труд и социјална политика бил вршен притисок врз вработените за носење на незаконита одлука за одземање на надлежноста на општината.
Со одлукатада ја врати разрешената директорка за директор на детската градинка Детска радост министерката Јованка Тренчевска се става во директна заштита на незаконското работење утврдено со ревизорски извештај направен од страна на независна лиценцирана ревизорска куќа.
Загрижен сум поради тоа што нашите деца од понеделник ќе посетуваат градинка со која ќе управува директорка за која постојат докази за утврдени злоупотреби и законски прекршувања.
За мене е скандалозна одлуката на министерката Тренчевска, да ја врати разрешената директорка, без притоа Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција да се произнесат по наодите за прекршување на Законот, рече Стефковски и потсети дека Тренчевска не го зема предвид и фактот што СОНК и вработените во градинката и родители дале поддршка на одлуката за разрешување на директорката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.