Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на својата официјална страна на фејсбук објави видео од новогодишно обраќање.

Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:

Од се срце, во мое име и во името на моето семејство Ви посакувам да Ви се исполнат сите желби. Да имате топлина во домот и радост кај Вашите најмили.

Животот не научил да бидеме трпеливи и солидарни.

Имајте широко срце, почитувајте се меѓусебе и помагајте си!

Следните 365 дена од новата 2023 година нека Ви бидат исполнети со добро здравје, неизмерна среќа и благосостојба во Вашиот дом и семејство!

Среќна нова 2023 година – напиша Стефковски

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.