Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски денес беше во посета на населеното место Раштак каде што завршија градежните работи за поврзување на изградената бушотина со бунарите од кои населеното место добива вода.

За посетата, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Се решава проблемот со водоснабдувањето на Раштак!

Денес бев во посета на населеното место Раштак каде што завршија градежните работи и направената бушотина е поврзана со бунарите од кои населеното место добива вода.

Поставена е и потопна пумпа од докажано квалитетен европски производител и истата е спуштена на 60 метри

Завршија и градежните работи во кои се изгради нова водоводна линија од 350 метри.

Дополнително по скоро пет години повторно е ставена во функција пречистителната станица.

Изведувач на градежните работи е ЈКП Гази Баба.

Имајќи предвид дека е потребно да се обезбедат и нови капацитети на вода со ребалансот на буџетот обезбедивме нови средства за изградба на нова бушотина и нови пумпи.

Се интензивираат работите за решавање на водоснабдувањето на Раштак, а во следниот период ќе започнат градежните работи за подобрување на водоснабдувањето и на Брњарци.

Кога се работи со план и визија нема проблем за кој нема решение. Заедно со граѓаните продолжуваме да ја менуваме Гази Баба на подобро. – напиша Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.