Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денес 14.07.2022 година направи увид во градежните активности за асфалтирање на локални улици во населеното место Јурумлери.

За посетата Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

„Продолжува градежната офанзива во општина Гази Баба.

Асфалтирана улица 11 во населено место Јурумлери.

Денес направив увид во градежните работи за асфалтирање на улица 11 во населеното место Јурумлери.

Улицата е во должина од околу 400 метри.

Со денешните активности продолжува акцијата за асфалтирање на голем број на локални улици низ општина Гази Баба.

Изминатиот период асфалтиравме локални улици во Ченто, Кирил Петрушевски, Инџиково и денес во Јурумлери. Во деновите што следат ќе се асфалтираат улици и во останатите населени места.

Инвестициите во патна инфраструктура за оваа година изнесуваат 50.000.000 денари средства од буџетот на општина Гази Баба.

Гази Баба го живее новото време.

Време во кое се реализираат проекти“! – напиша Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.