Повеќе од 3 000 луѓе го исполнија плоштадот во Автокоманда на Априлијадата 2023 година, информираат од Општина Гази Баба.

За настанот, градоначалникот Бобан Стефковски, на својот фејсбук профил објави неколку фотографии за кои наведе дека претставуваат „слика каква што Гази Баба не памети“.

Повеќе од 3000 луѓе го исполнија плоштадот во Автокоманда на Априлијадата 2023 година. Одлична забава ни приреди маскотата Биби, но, за жал, временските услови не ни дозволија до крај да ја реализираме програмата, напиша Стефковски.

Дополнувајќи дека на сите дечиња им ветува нова детска забава за многу скоро од денес.

Фото: Фејсбук профил на Бобан Стефковски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.