Општина Гази Баба со помош од општествено одговорни луѓе и компании, вчера и денес реализира голема хуманитарна акција во рамки на која се делат 300 хуманитарни пакети на семејства од муслиманска веросиповед, а по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам.
Градоначалникот Бобан Стефковски лично посети дел од семејствата.
За хуманитарната акција, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална фејсбук страна на која напиша:
Поделени 300 хуманитарни пакети во голема хуманитарна акција по повод Курбан Бајрам.
По повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, општина Гази Баба во соработка со општествено одговорни луѓе и компании вчера и денес реализира голема хуманитарна акција во рамки на која ќе се поделат 300 хуманитарни пакети со храна на семејства од муслиманска вероисповед.
Гази Баба е мултиетничка општина во која сложно живеат Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и сите останати.
Заедно живееме и се почитуваме.
Изминатиот период за време на велигденските празници поделивме 200 хуманитарни оброци, а за време на новогодишните празници поделивме над 500 хуманитарни пакети.
Хуманоста е наша одлика и така ќе продолжиме и во иднина, напиша Стефковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.