Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на својата официјална страна на фејсбук информираше дека продолжила акцијата за асфалтирање на локални улици со асфалтирање на улица 4 во населеното место Јурумлери.

После 30 години жителите на улица 4 во Јурумлери повеќе нема да газат во кал. Акцијата за асфалтирање на локални улици продолжи денес со асфалтирање на улица 4 во Јурумлери. Изминатите денови се асфалтираа локални улици во повеќе населени места и истото ќе продолжи и во следните денови.Новото време за нашата Гази Баба преставува концепт на работа со визија, програма и план кои значат реализација на проекти во сите населени места, напиша Стефковски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.