Денес, 02.12.2022 година во просториите на општинското основно училиште Григор Прличев се оддржа книжевната манифестација Есен во Гази Баба.
На манифестацијата присуствуваше и се обрати градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.
За настанот градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
-Се оддржа книжевната манифестација “Есен во Гази Баба”.
Во просториите на општинското основно училиште Григор Прличев во населба Железара се оддржа книжевната манифестација “Есен во Гази Баба”.
На оваа манифестација имаа можност да учествуваат и творат учениците од основните општински училишта во општина Гази Баба.
На јавниот повик се пријавија 129 ученици, а 29 од нив се стекнаа со награда.
Јазикот е нашата татковина – запишал Блаже Конески.
Оваа книжевна манифестација беше одлична можност за нашите ученици да ги истакнат своите вештини за творење.
Во моето обраќање им порачав на учениците да продолжат да го негуваат македонскиот пишан литературен збор, бидејќи преку негувањето на пишаниот збор се негува македонскиот јазик. – напиша Стефковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.