Во изминатиот период, континуирано се регистрираат инциденти во автобусите на ЈСП, каде што се повредени жители на Општина Гази Баба. Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски на својата официјална страна на Фејсбук, објави дека презема низа чекори за надминување на состојбите.
Изминатите неколку денови во континуитет се случуваат инциденти во автобусите на ЈСП кои поминуваат од Ченто, преку Сингелиќ до Стајковци.Во инцидентите се повредени ученици, деца жители на тој дел од општина Гази Баба. Како градоначалник, а вооедно и претседател на Советот за превенција на општина Гази Баба закажав седница на Советот за 19.09.2022 година (понеделник) на која се поканети преставници од Месната заедница Сингелиќ и Месната заедница Стајковци како и преставници од надлежни институции кои по функција се членови на Советот. На таа седница ќе предложам мерки и заклучоци за надминување на состојбата. – напиша Стефковски.
Тој информира дека денес оддржал и средба со преставници на Месната заедница Стајковци на која ги информирал за превземените дејствија од негова страна, а со цел превенција од вакви случувања во следниот период.
Утрово испратив допис до Полициската станица од општа надлежност Гази Баба во кој побарав зголемено полициско присуство во критичниот период на полициски службеници во самите автобуси на ЈСП Скопје. Јавно апелирам до младите но и нивните родители да се разговара и вакви случувања во иднина да не ни се повторуваат. Вооедно апелирам и до Министерството за Внатрешни работи да превземе соодветни мерки со цел расчистување на изминатите настани но што е и најважно превенција од идни вакви и слични немили настани. Јас како градоначалник на општина Гази Баба ќе сторам се што е во моја надлежност со цел превенција од вакви немили настани но и заштита на жителите на општина Гази Баба кои го користат јавниот превоз. – напиша Стефковски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.