Денес 26.08.2022 година, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски го отвори турнирот во фудбал за млади категории “Гази Баба Куп 2022”.
Градоначалникот Стефковски е и овогодишен покровител на турнирот кој општина Гази Баба го организира во соработка со Фудбалската федерација на Македонија, Здружението на граѓани „Спорт Јуниор” и Општинскиот фудбалски сојуз Гази Баба.
За отворањето на турнирот, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
Започна турнирот во фудбал за млади категории “Гази Баба Куп 2022”. Утрово на игралиштето на ФФМ имав можност да го отворам турнирот во мал фудбал за млади категории “Гази Баба Куп 2022”. Чест ми е што сум овогодишен покровител на овој турнир кој општина Гази Баба го организира заедно со Фудбалската федерација на Македонија, Здружението на граѓани “Спорт Јуниор” и Општинскиот фудбалски сојуз Гази Баба.
На турнирот ќе учествуваат над 1000 дечиња од клубови во Република Македонија но и познати клубови надвор од Македонија. Општина Гази Баба е најспортската општина во Скопје и тоа го докажуваме преку секојдневните инвестиции во спортот. Со спортот се промовира натпреварувачкиот дух, смислата за тимска работа и потребата од истрајност и посветеност за постигнување на зацртаното. Спортот ги учи младите дека целта се постигнува преку почитување на правилата на игра, односно играње фер – плеј и преку напорна и континуирана работа, правила што ќе им бидат од огромна корист во понатамошниот тек на животот на младите, напиша Стефковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.