На 19 и 20 мај со почеток во 18.30 часот, на ул. Македонија, во Скопје ќе се одржи седмото издание на уличниот уметнички фестивал за живи статуи „Статуафест”, под мотото „Голема брзина на стоењето”.

Секоја година, па така и оваа се водиме и инспирираме од најразлични настани од секојдневието и ја избираме темата на фестивалот. Го избравме токму брзањето затоа што живееме во време во кое безглавото брзање кон некаде/никаде стана рутина, односно стана наше секојдневие. Сосем непотребно чувство за сите нас.

Од тие причини и целта на овогодинешниот фестивал за улични живи статуи „Статуафест” е да му каже СТОП на овој непотребен синдром на живеење кој, непокането се всели во нашите животи и стана „Добро утро / Добар ден / Добровечер” за речиси секој еден од нас. Сакаме суштински да ги замислиме нашите сограѓни, а и сите останати кои одблизу ќе го погледнат овогодинешниот „Статуафест” и да си постават прашање: колку навистина многу кон некаде брзаме?

Преку улични живи статуи поставени во најразлилни актови, долж улица Македонија во центарот на Скопје, ќе ги замрзнеме во едно место речиси сите карактери на едно обично секојдневие за истите да можат одблизу да се видат себеси како во огледало и да се прашаат, дали навистина толку многу важно е да брзаме, и, како безглавото брзање навистина влијае на нашиот живот и на нашето здравје?

Артистите кои ќе настапуваат на овогодинешниот фестивал се од нашата продукција Театроск, која всушност и го организира фестивалот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.