Од 23 до 25 јуни, на скверот „Јадран“ ќе се одржи „Статуа фест“, во организација на „Театроск”, со поддршка од Град Скопје. Годинава тема на фестивалот е „Танго на улица“.

Оваа година ќе раскажува за тангото, дури и му дадовме име на фестивалот „Танго на улица“, со тенденција да го претвори Скопје во една мала, но, сепак, голема уличка, сместена некаде во некој раздвижен простор во длабочините на духот на аргентинското танго, тежнеејќи да ги види и запознае оние страсни скопјани кои со сиот свој дух лудуваат по тангото, при тоа „премачкани“ во и со тој разигран уличен миг на евергрин. „Танго на улица“ ќе го расцупка асфалтот во ритамот на бандеонот, кој создавајќи ја музиката за танго, ја возвишува до небеса сета енергија која како морница лази по телото, велат организаторите.

Инаку, ова ќе биде шесто издание на „Статуа фест“, а за потсетување, лани фестивалот раскажуваше улични приказни за скопјани од секојдневието.

Програма за уличниот уметнички фестивал за живи статуи:

18:30 – 19:00 – настап на улични живи статуи (7 актови / 11 учесници)

Пауза на живи статуи за време на претстава

19.10 – 19.50 – улична пантомимска театарска претстава ПРОКЛЕТСТВОТО НА ВИКТОР И ВИКТОРИЈА – (2 изведувачи)

20:00 – 23:00 – настап на улични живи статуи

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.