Гледајќи и согледувајќи ја ваквата состојба, советничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива со која се обидовме и понудивме решение за излез од оваа состојба во која е западнато Јавното претпријатие, изјави Малиша Станковиќ членот на Советот на Град Скопје од коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Станковиќ потенцираше дека со дадените субвенции ќе се обезбедат плати на вработените во ЈСП Скопје. Со самото тоа ќе биде задоволено основното барање на синдикатот и основното барање на овие вработени и со заедничко гласање на оваа одлука ќе се надмине состојбата во која е западнато Јавното Претпријатие.

После долга дискусија вчера го изразуваме нашето задоволство дека поголемиот дел од советниците гласаа за таа иницијатива. Како резултат на таа иницијатива , денеска имаме предлог одлука за измена на давање на субвенции на ЈСП Скопје за 2022 година, рече Станковиќ.

Тој се надева дека Град Скопје сериозно ќе почне да работи во наредниот период за изнаоѓање на трајно решение на ова Јавно Претпријатие.

Оттаму како советничка група ги замолуваме сите советници денеска да ја поддржиме оваа одлука, нашата цел и вчера беше со иницијативата да иницираме да се донесе ваква одлука и со оваа одлука да го надминеме проблемот, кажа Станковиќ.

Станковиќ ги замоли сите советници заеднички да ја изгласаме оваа одлука, бидејќи со оваа проблемот е решен, со оваа одлука нашата заедничка цел е постигната и ЈСП Скопје од денеска ќе ги имаат своите плати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.