Од иницијативата „На точак“ ги прозваа надлежните од јавното претрпијатие „Паркови и зеленило“ дека не се кастрат нависнатите гранки над вело-патеките во Скопје.
– Гранките на дрвјата се натежнати од лисјата и висат над велосипедските патеки низ целиот град. Како што градските служби се грижат за зеленилото во тревниците и за гранките над градскиот паркинг, така треба да се грижат и за гранките над велосипедските и пешачките патеки. Нова пролет, за жал ново потсетување, велат од „На точак“.
Како што велат оттаму, низ Скопје скоро на сите патеки има гранки кои пречат на велосипедистите и пешаците, па затоа очекуваат во најкраток период да пројдат градските служби и да ги скастрат гранките кои се над патеките.
– Во сегашната ситуација од избегнување на ниски гранки сите учесници во сообраќајот се под ризик да се повредат себе си и останатите околу нив, велат од иницијатовата за велосипедско Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.