Софија Куновска на социјалните мрежи прашува дали СДСМ има градоначалник во Општина Центар? Таа ja коментира изјавата  градоначалникот на Центар дека треба да се доградат законските објекти од Скопје 2014.

Сега, слушам нова изјава на градоначалникот на Центар од редовите на СДСМ?! Сега дава поддршка на идејата на ЗЕЛС (читај ВМРО-ДПМНЕ) за одземање на надлежностите на градоначалникот на Скопје. Тоа било “возможно и неопходно”. Како, како? Има две можни толкувања за ова поведение на градоначалникот на Центар. Или СДСМ одлучил да му помогне на ВМРО-ДПМНЕ во намерите да се амнестира пред Скопјани што ја кандидираше Данела Арсовска или СДСМ нема веќе градоначалник во Центар бидејќи истиот можеби решил да се бори за втор мандат како кандидат на друга партија?
И втора дилема: дали се од иста политичка партија членовите на Советот на Град Скопје и градоначалникот на Центар? Со оглед на фактот дека едните ги поддржуваат програмите на градоначалничката Данела Арсовска, а другиов ќе и ги одземал ингеренциите?

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.