Град Скопје заедно со јавните претпријатија и во координација со Општина Аеродром успешно ја спроведоа работната пролетна акција на територија на оваа општина.
Во рамките на акцијата екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ извршиле 32 интервенции на територијата на општина Аеродром. Извршено е машинско косење на тревните површини на осум булевари, односно булеварите „Србија“, „АСНОМ“, „Видое Смилевски Бато“, „Февруарски поход“, „Кузман Јосифовски Питу“, „Јане Сандански“, „Трета Македонска Бригада“ и булеварот „12-та Македонска бригада“. Искосени се и тревниците на трите улици „Васко Карангелески“, „Новопроектирана улица бр.1“, „Новопроектирана улица бр.2“ во Реонски Центар.
Исто така, со акцијата машинско косење на тревата се изврши во Парк Лисиче, Парк Мичурин, парк Јане Сандански, Парк Авионче, Парк Бановина, Парк во Реонски Центар, Парк Нирнберг, Парк со Езерца, Парк Тоше Проески, односно во девет паркови на територијата на општина Аеродром.
Во текот на акцијата се уредуваше и зеленилото и вегетацијата и притоа се изврши и кастрење на дрвја, врз основа на издадени Решенија од Град Скопје.
Екипите на ЈП Улици и патишта во акцијата постави 65 заштитни столпчиња на булевар Србија кај паркчето „Авион“, а 30 заштитни столбчиња се бојадисани на булеварот АСНОМ. Извршена е контрола и обиколка на вертикалната сигнализација и исправени се вкупно 15 сообраќајни знаци на булеварот Србија, ул. Васко Карангелевски и Февруарски Поход, а поставени се 20 нови сообраќајни знаци на улица Никола Карев, улица Филип Втори, ул. Февруарски Поход и на булеварите АСНОМ, Видое Смилевски Бато, Јане Сандански.
На крстосниците на булевар Јане Сандански имаше шест интервенции, односно на улица Васко Карангелевски монтирани се две сенила на пешачки семафор, на бул. Јане Сандански со ул. Владимир Комаров заменета е оштетена латерна на семафорите со нова. На бул. Јане Сандански кај ТЦ„Три Бисери“ монтирани се три сенила, на булевар Јане Сандански кај „Мекдоналдс“ монтирано едно сенило на пешачки семафор, на к-ца бул. Јане Сандански пешачки премин ТЦ„Бисер“ монтирано е едно сенило на пешак и поставени се четири звучни сигнали на семафорите за лица со нарушен вид. На крстосницата Симеон Кавракиров со улица Владимир Комаров имаше две интервенции и тоа монтажа на две сенила на додатен возач и зелен пешак , како и санација на семафорска инсталација и исправување на бутнат семафорски столб и на крстосницата ул. Фрањо Круз со бул. Кузман Јосифовски Питу заменето е стакло на семафорите.
Од почетокот на акцијата, во специјалните садови што ги постави ЈП Комунална хигиена-Скопје се одложени приближно 100 кубни метри кабаст отпад што се подигнати во 24 наврати од седум локации.
Во рамките на акцијата, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје досега расчистија две поголеми диви депонии во оваа општина лоцирани на улицата 1619 и во реонот под Железничкиот мост, при што беа подигнати и транспортирани вкупно 126 кубни метри отпад. Отстранети се и три помали диви депонии лоцирани во близина на Транспортниот центар и на улицата Бојмија.
Претпријатието континуирано вршеше и рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, како и миење и дезинфекција на контејнерите и нивните микролокации.
На депонијата Дрисла се донесени, примени и третирани 64.460 тони смет од акцијата во општина Аеродром.
Град Скопје заедно со јавните претпријатија и во координација со Општина Аеродром пролетната акција ја спроведуваше од 4 ти април до денеска на територијата на целата општина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.