Продолжуваат хуманитарните акции за помош на младиот Леонид Игнов, на кој му е потребно лекување во странство за да закрепне.
Во ТЦ „Рамстор‘‘ вчера е одржан уште еден хуманитарен новогодишен базар на кој со свои ракотворби и музички точки учествуваа ученици од општинските основни училишта. Добротворниот базар се реализираше во рамките на хуманитарната програма на Општина Центар посветена на Лео, а со поддршка на „Рамстор“.
На настанот се приклучи и градоначалникот Горан Герасимовски, со порака дека секоја донација е важна за да се помогне на Леонид.
Средствата собрани од продажбата на нивните креативни трудови и изработки ќе бидат донирани за медицинскиот третман на младиот Лео, кој се здоби со тешки повреди на `рбетот во несреќен случај пред неколку месеци.
На 27 и 29 декември на вториот кат на ТЦ „Рамстор“ ќе се одржат уште две слични манифестации на кои ќе учествуваат младите центарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.