Претседателот на Советот на град Скопје, Трајко Славевски преку писмена реакција до јавноста вели дека не е собран потребниот број на советнички потписи за свикување на вонредна седница пропишан со деловникот на град Скопје и нема услови за свикување на истата.

Во однос на барањето на советниците на СДСМ за свикување на вонредна седница на која ќе се дискутира за препораки во борбата против загадениот воздух во текот на денешниот ден од кабинетот на градоначалникот добив писмен одговор и мислење за предложените препораки и се изразува уверување дека градот Скопје веќе превзема голем дел на срднорочни и долгорочни мерки во борбата против загадениот воздух. Во исто време сум должен да напоменам дека не е собран потребниот број на советнички потписи за свикување на вонредна седница пропишан со деловникот на град Скопје и нема услови за свикување на истата, вели Славевски.

Тој додава дека како прв меѓу еднаквите во советот апелирам да се воздржат партиите од правење на политика и терање на популизам на една ваква чувствителна тема која ги засега сите граѓани на главниот град. Апелирам на соодветна државна реакција, каде ќе биде имплементирана координирана акција на сет од мерки за намалување на загаденоста на воздухот која подеднакво сите не засега.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.