Со последниот трансфер, а имаше и претходно годинава, во првата половина ми се чини субвенции од страна на Град Скопје, како што беше кажано се обезбедени три плати на јавното сообраќајно претпријатие, за понатака ќе остане да видиме, да ги видиме финансиските извештаи на ЈСП. Инаку јас во овој момент требаше да го имам деветмесечниот извештај на ЈСП, како и на другите јавни претпријатија, сакав да го погледнам, но добивме известување дека заради одложување на седница на Надзорниот одбор, тие не се во можност да го запазат рокот од 20 дена по завршувањето на тримесечието. Значи требаше до 20-ти октомври да имаме извештај – истакна претседателот на Советот на Град Скопје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, во централниот дневник на Сител телевизија.

Славески додаде дека како претседател на Совет на Град Скопје нема доволно информации бидејќи го нема деветмесечниот извештај.

По сопствена иницијатива моравме да ја на некој начин спасуваме ситуацијата. Не ни беше кажано ниту колку е износот на месечната плата што треба да се исплати, ниту колку средства има самото претпријатие на буџетската сметка. После износот, откако беше задолжена предлог одлука со одлука на Советот која ја прифати иницијативата на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го определи градоначалникот Арсовска, околу 130 милиони денари – изјави Славески.

Тој посочи дека одобрените средства од Советот се доволни за три месеци.

Тоа со Владата треба да го расчисти градоначалникот Арсовска односно Градот Скопје затоа што едните кажуваат едно, а другите кажуваат друго. Малку е нејасна ситуацијата. Има настаното дисконтинуитет во субвенциите што ги има префрлано Влада на Република Македонија односно министерството за образование за бесплатните билети на студентите и средношколците. Но, тоа велам континуитет се беше изгубил за време на пандемијата, кога немаше настава со физичка присуство, и сега и за мене е нејасна состојбата. Како што видовте синоќа имавме ситуација кога беа поставени автобусите пред Влада, имавме од заменик градоначалникот изјава дека тие ќе останат таму наводно додека Владата не префрли средства, а утрото беа повлечени, па повторно ставени, па повторно повлечени. Мислам дека има еден несериозен пристап – заклучи Славески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.