Видендов се одржа првата интернационална конвенција за тетовирање во Скопје. Првото „Skopje Tattoo Show 2023“ помина во најдобро светло и покажа колку нашите посетители се заинтересирани за тату индустријата, велат организаторите.
На „Skopje Tattoo Show 2023“ присуствуваа над 50 интернационални и балкански артисти кои ја покажаа уметноста со бои во различни техники и стилови. Натпреварувачите се натпреваруваа во повеќе категории и во двата дена беа прогласени победниците во соодветните категории. Победници од првиот ден беа: Дамјан Клинчаров најдобар во категоријата мала тетоважа, најдобар во заздравена тетоважа беше Срѓан Цетник и најдобра за првиот ден беше Јоана Фаферко. Вториот ден се доделија награди за најдобра црно-бела тетоважа која замина кај Зоран Трајковски, најдобар во колор тетоважа беше Никола Стефановиќ, најдобар на денот беше Дамјан Клинчаров и наградата за најдобра тетоважа на конвенцијата ја доби Влатко Здравков.
За загревање на атмосферата се погрижија музичките уметници како бендот Shugarfree, DJ Goce и DJ Strajk, но и многу други. Свое предавање имаше и м-р Ивана Хаџиманова, психотерапевт со долгогодишно искуство во областа на менталното здравје на темата „Под површината: Психологијата и подлабокото значење на телесната уметност “, додека нашиот познат уметник Михаил Курбин имаше своја изложба.
Првата „Skopje Tattoo Show 2023“ конвенција послужи како платформа за поврзување на заедницата за тетовирање и да изгради трајни врски помеѓу учесниците. „Skopje Tattoo Show 2023“ беше и од хуманитарен карактер, каде средствата собрани од влезниците ќе бидат донирани на децата кои им е најпотребно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.