Скопје има поразителни 24% вкупно зеленило на својата територија, од кои само очајни 6% се јавни зелени простори, а 15% се дрвја.
– Ако целиме да го зголемиме овој процент, најнапред мора да го спречиме целосното уништување зеленило на приватните градежни парцели во урбаните подрачја – вели Драгана Велковска од „Зелен хуман град“.
Инаку, за споредба во просек, околу 40% од површината на европските градови се состои од урбана зелена инфраструктура, со тоа што 44% од населението во урбани подрачја во Европа живее на 300 метри оддалеченост од парк.
Некои градови, како што се Виена и Фрајбург, имаат дури и шумски површини во нивните градски центри. Според Европската агенција за животна средина (податоци од 2018 година), 74% од територијата на Загреб и 67% од територијата на Љубљана се покриени со зеленило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.