Електронскиот водич и портал за вести Skopje.IN наменет за главниот град на Македонија официјално е пуштен во употреба.
Преку бројни страници достапни на веб-сајтот, туристите кои ќе сакаат да го посетат главниот град Скопје, но и странците кои живеат во градот ќе можат да се информираат за најразлични аспекти кои се неопходни за нивниот живот тука.
Па така, лесно достапни се информациите за тоа како да се движат низ градот, како да пристигнат, што да прават, да ги споредат цените со местата од каде што доаѓаат, каде може да пазаруваат и уште многу друго.
Идејата позади овој дигитален простор наречен Skopje.IN е тој постојано да се надоградува со нови информации, а тековните постојано да се ажурираат со цел туристите и странците да бидат благовремено информирани за се поврзано со градот.
Покрај водичот кој претставува главна карактеристика на веб-сајтот, Skopje.IN на посетителите ќе им нуди и генерални вести поврзани со земјата и градот на англиски јазик.
Порталот е активен на платформите:
* Фејсбук: https://www.facebook.com/AreYouInSkopje/
* Инстаграм: https://www.instagram.com/Skopje.IN/
* Твитер: https://twitter.com/skopje_in
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.