Апелираме до граѓаните да не веруваат на лажните вести и манипулациите кои во јавноста ги пласираат разни политички групации, соопштија утрово од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека автобуси на ЈСП Скопје на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 сообраќаат редовно и без задоцнување.

Приватниот превозник „Слобода Превоз” има обврска да ги почитува договорените обврски од јавен интерес. Во последниот месец се оценува квалитетот на работењето на приватнитте превозници согласно индикаторите за квалитет на работењето (редовност, хигиена, валидација на билети) поради се почестите поплаки на граѓаните за квалитетот на превозот од страна на приватните превозници, стои во соопштението од Градот.

Од „Слобода превоз“ вчера кажаа дека дека нивните автобуси нема да сообраќаат на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, поради тоа што ЈСП „Скопје“, односно Град Скопје не го исплатил долгот кон компанијата. Сè уште возат автобусите за приградските населби 11, 11а, 47, 55, 61, 63 и 73 оти на овие линии нема автобуси на ЈСП па ако престанат да возат и приватниците граѓаните целосно ќе бидат отсечени од градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.