Синоќа повторно гореше дивата депонија кај Вардариште. Жителите на Ново Лисиче и околните населби сведочеа за замагленост, а дел од нив се пожалија дека чадот штипе и пече. Огнот бил веќе на околу 10 метри од далноводниот столб, но, за среќа подоцна бил изгаснат Скопската противпожарна бригада.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов синоќа извести дека МВР испраќа дополнителни полициски екипи со цел откривање на лицата кои го предизвикале палењето на депонијата.

Чад и неподнослив мирис редовно се издигаат над Вардариште, старата скопска депонија која сеуште им го загорчува животот на Скопјани. Најпогодени се оние што живеат во Ново Лисиче и Аеродром. Велат спиеме со затворени прозорци среде лето.

На социјалните мрежи и блоговите се шират сликите за тоа што се случува во депонијата. Дел од граѓаните редовно ги документираат највпечатливите денови кога густи облаци чад се креваат над депонијата. Истовремено се жалат дека никој ништо не презема за решавање на проблемот.

Се претпоставува дека станува збор за намерно палење на депонијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.