На вонредна седница, Советот на Град Скопје денеска расправа за иницијативата поднесена од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, за носење одлука за пренамена на средства од градскиот буџет за ЈСП „Скопје“. Иницијативата ја образложи советничката Марија Андоновска која вината за ваквата состојба на претпријатието ја лоцираше во директорот на ЈСП, Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска и во Владата.
Жалам што денеска наместо да зборуваме за продолжување на градски линии кое го ветивме, за бесплатен превоз, ние треба да расправаме за спас на јавниот превоз. Скопје мора да има градски превоз, скопјани мора да имаат превоз – рече Андоновска.
Советникот од СДСМ Гордан Шутаров пак нагласи дека ова е првпат во историјата Скопје да остане без превоз.
Помина само една година на власт на Данела и се случи оваа катаклизма во јавниот превоз. Во донесување на буџетот беа предвидени 350 милиони денари, на 13-тата седница во јуни се предвидоа дополнителни 180 милиони евра, тоа е 8.6 милиони евра, пари на граѓаните од Градот за ЈСП за денес граѓаните да не можат да ги користат услугите на ЈСП – рече Шутаров.
Тој праша со кое право секретарот на Градот и градоначалничката повикуваа на протест и нагласи дека со вакви менаџерски способности и кадри Господ нека им е на помош на ЈСП, на сите јавни претпријатија и на сите граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.