Во текот на викендот теренските служби на Град Скопје и ЈП Улици и патишта пристапија кон санација на крупните оштетувања на коловозите на неколку локации, односно Јужен булевар, булевар „Осми Септември“ и булевар „Борис Трајковски“ (од Пинтија кон Драчево).

Санирање на улиците и булеварите во Град Скопје е еден од приоритетите на ЈП Улици и патишта, кои во континуитет ги следат потребите за итна санација на одредени булевари низ градот, но и отпочнуваат со нови решенија за подобрување на патната инфраструктура во градот Скопје, велат од Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.