Почна реконструкција на улицата „Никола Карев“, од крстосницата со булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ до крстосницата со улица „Ѓуро Ѓоновиќ“ во општината Центар.

Станува збор за фреквентна улица која поврзува клучни сообраќајници во Скопје, која е во непосредна близина на Меѓуградската автобуска станица. Реконструкцијата на улицата „Никола Карев“ се реализира на барање на граѓаните со што исполнуваме уште едно ветување од програмата „За модерно Скопје” затоа што потребите на граѓаните се наш приоритет, вели градоначалничката Данела Арсовска, која денеска изврши увид на градежните работи.

Како што соопштуваат од Град Скопје, на улицата „Никола Карев“ се врши реконструкција на коловозот, нивелација на шахтите и на сливниците, како и поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, а градежните работи ги изведуваат екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта Скопје”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.