Зимската служба и службите за одржување на хигиената на Општина Центар од рано утринава се на терен и го расчистуваат наврнатиот снег на улиците, тротоарите и јавните површини во општината. Особено внимание се посветува на критичните места, во подножјето на планината Водно.
Се расчистуваат сите улици на територија на општината, а општината е во постојана комуникација со граѓаните, со цел навремено и ефикасно делување на терен.
Расчистувањето на снегот ќе продолжи и во текот на денот, а жителите можат да пријавуваат снежни наноси на телефонскиот број 076 381 673.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.