Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ периодов работат на хортикултурно уредување на вториот дел на улицата Бутелска и на паркот Скулптура на 16-та Македонска бригада во општина Гази Баба.
На улицата Бутелска се работи на формирањето на зелен кордиор на површина од 1600 квадратни метри, со обновување и засадување нова тревна површина и одржување на вегетацијата. Реализацијата на зелениот коридор во Бутел се одвива со фрезирање на постојната подлога, нанесување нова квалитетна почва, поставување систем за полевање и садење ново зеленило. На новата уредена зелена површина ќе се засадат листопадни и зимзелени садници и украсни грмушки.
На 16-та Македонска Бригада во општина Гази Баба во тек се активностите за уредување на паркот „Скулптура” со вкупна површина од 4200 квадратни метри. На овој потег се врши интервенција на целата вегетација, обнова на почвата, како и поставување на систем за полевање со што би се овозможило континуирано одржување на зеленилото. Предвиденото зеленило го сочинуваат зимзелени и листопадни садници, кои функционално и естетски одговараат на просторот на кој се прилагодени според климатските услови.
Градот Скопје, заедно со ЈП „Паркови и зеленило“, продолжува со активности за уредување на нови зелени појаси и формирање на зелени коридори низ населените места во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.