Екипите на ЈП Улици и патишта, денеска почнаа со чистење на каналот кој се наоѓа на улицата Загребска, во насока од ресторанот „Два Елена“ до детската болница „Козле“. 

Запуштениот канал во должина од 300 метри се чисти од насобраниот шут и нискостеблеста вегетација, а се чистат и косините на каналот кои се покриени со обрасната трева, гранки, трева и шут.

Градот Скопје продолжува со чистење на отворените канали на подрачјето на Скопје и апелира до граѓаните да не фрлаат отпад во овие канали, со што ги затнуваат и се отежнува протокот на атмосферската вода.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.