Неполна година Град Скопје стагнира, не се развива, не се реализираат нови проекти, а наследените се намерно стопирани. И сето тоа само заради одредени бизнис интереси на Христијан Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ. Тоа најдобро се виде со тендерот од 136 милиони евра за пречистителна станица, кој на површина го извади вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека повеќе од 10 месеци Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ раководат со Град Скопје, тоа е период на неработење, на безидејност и на груба партизација на градската адмнистрација. Мостовите на улица Љубљанска и булеварот АСНОМ, БРТ системот, Универзална сала, Скопје смарт сити, се само дел од проектите што Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ги наследија а не ги продолжија, а не е реализиран ниту еден нов проект.Тоа е директно на штета на Градот и на неговите граѓани.
Наместо на проекти за развој на Градот, ВМРО-ДПМНЕ; Мицкоски и Арсовска биле посветени единствено на тендери и лични бизнис интереси. Скопјани не заслужуваат ваков неодговорен, расипнички однос, Мицкоски и Арсовска треба да им се извинат на граѓаните за тоа што ги излажаа на претходните избори,се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.