СДС 1000 дена шуруваат со Арсовска, делат тендери и и гласаат завршни сметки, тие се виновни за хаосот во Скопје.1000 дена, над 100тина милионски тендери поделија СДС и Арсовска, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Над 27 милиони евра набавка на дизел гориво за ЈСП од Пуцко петрол без рабат ја круниса љубовта меѓу Арсовска и СДС. За да пројде овој тендер Арсовска за директор на ЈСП постави човек на СДС.

Милиони од ЈСП завршија кај фирми блиски до СДС, истото е и со сите други јавни претпријатија, тендерите се мотивот за кој СДС и гласаат завршни сметки на Арсовска.

СДС ја одржува Арсовска на функција, за да можат заедно да крадат. Народот го гледа тоа и ќе ги казни. За 400 дена од сега ќе можат да се дружат заедно во опозиција, а Скопје ќе оди напред, и ќе бидат надминати сите штети направени од СДС и Арсовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.