Автобусите со кои се дојдени поддржувачите на СДСМ во Скопје, го претворија булеварот „8 септември“ во паркинг, а го блокираа и булеварот Илинденска. Граѓаните мораат да ги заобиколуваат овие места, а тоа предизвикува и метеж во сообраќајот. Премиерот Димитар Ковачевски остро реагираше кога приватните превозници ги блокираа улиците, а сега, неговите гости на трибината каде е говорник, го прават истото.

„Јас им се заблагодарувам на приватните превозници што ги ослободија улиците и им ги вратија на скопјани, на кого тие улици припаѓаат. Тие улици се изградени од граѓаните на Скопје“, рече Ковачевски на прес-конференција.

За потсетување, вчеравечер беше блокиран и пристапот до салата Борис Трајковски, каде се одржува собирот на СДСМ. На паркинзите не можеше да пристапи никој. Салата беше чувана и цела вечер од полицијата, за ако денеска има дојава за бомба, граѓаните присутни на трибината, да не бидат евакуирани. Истовремено министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и неговиот колега од надворешни, Бујар Османи, тврдат дека безбедноста во државата не е загрозена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Скопје1 / Skopje1 (@skopje1mk)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.