Само Кисела Вода оваа година со капитални инвестиции од 150 милиони денари и над 120 нови проекти!
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во своето обраќање на отчетот за сработеното на политичкиот саем, „Саем на промени што носат иднина”, истакна дека општина Кисела Вода ја затекнал во хаотична состојба и администрација која што била целосно индиферентна на барањата на граѓаните.
Да водите тимски општина тоа подразбира и не преспиени ноќи, подразбира и повеќе од десет дванаесет часа во денот макотрпна работа, им се заблагодарувам од срце, благодарам што ме следат во чекор изминатиот период. Како и останатите општини така и Кисела Вода беше затекната од моја страна во една апатична состојба, односно администрација која што беше целосно индиферентна на барањата на граѓаните, неуслужлива и не насочена спрема граѓаните од една страна и од друга страна долг од 3 милиони евра кој што не подразбираше во минатото задоволување на основните хумани услови за живот на моите сограѓани, туку подразбираше од една страна долг а од друга да Кисела Вода е општина која ја наследив е без основни хумани услови за живот што подразбира водоводни мрежи, атмосферска канализација патна инфраструктура, списоци по 500 дечиња во градинките на чекање. Што значи затекнавме руинирана девастирана општина во која што за жал 30 години наназад никој сериозно не се зафатил со тоа да од нејзе направиме едно поубаво место за живеење. Јас сум исклучително горд на она што го постигнавме изминативе година дена. За само една година ние 70 проценти од нашата програма имаме реализација, или отпочнати проекти кои што се во финална фаза на завршување“ истакна Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски истакна и неколку проекти кои ги опфаќаат инфраструктурата, образование, и справувањето со урбанистичкиот хаос.
Од самото преземање на нашата локална самоуправа така беше и составена програмата да ние ги поделивме во неколку столбови, кои што опфаќаат инфраструктура, образование, справување со урбанистичкиот хаос каде што Кисела Вода беше доста атрактивна по скандалите кои што произлегуваат од урбанистичкиот хаос и криминалот таму така да од тој аспект во тие неколку столба сериозно се зафативме со работа. Пред се се зафативме со општината да ја направиме јавна и транспарентна при секоја наша постапка граѓаните да се чувствуваат дека се еднакви. Секој има право да гради секој има право на надомест од општината, секој има право на еднакви права и привилегии. Тоа е многу важно и суштинско за да ја отвориме општината. Изминатава година, имаме како никогаш до сега 30 години наназад вложено во патната инфраструктура што подразбира асфалтирање на улици и реконструкција во должина од 25 километри тоа е некаде од Скопје до Велес повеќе од половина пат да го реконструирате толку имаме изминатава година. Во однос на подземната инфраструктура беа нарачани проекти кои што се во финална фаза за водоводната мрежа во „Стаклара“, и фекална канализација во „Пинтија“ и „Стаклара“ кои што од пролет ги започнуваме. Во подземна инфраструктура имаме над 3650 метри вложено фекална канализација над километар и 800 имаме вложено во водоводна мрежа, 3,5 километри во атмосферска канализација. Во Урбанизмот како никогаш до сега сите планови и плански документации се прават јавно и транспарентно. Во образованието се гордеам со основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ кој што е многу значаен, кое е прво инклузивно училиште, кај градинките имаме отворено една градинка во Драчево, во финална фаза сме на нова градинка во „Усје“, и две доградби на постоечки градинки. Исто така сметам дека до истекот на втората година од мојот мандат она што сме се обврзале во програмата ќе биде целосно завршено.“ нагласи Ѓорѓиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.