Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, смета дека скопската градоначалничка, Данела Арсовска, сакајќи да се претстави како жртва, направила жртва од граѓаните. Вели до неа не допира ништо и нема чувство за одговорност за ништо. Медиумите немаат пристап до информации во Град Скопје.

Не би рекол дека предуслов е сите да бидеме од иста политичка гарнитура за да функционира системот. Низ годиниве се покажа дека не е така. Ние сега имаме прикажување на жртва. Арсовска сакајќи да биде жртва, нè направи нас жртви. Дури ни тоа не ја допира, не чувствува ни грам одговорност, за каква комуникација може да се зборува со човек кој што одбива да комуницира со сите, ниту со членовите на советот, ниту со администрацијата, ниту пак со медиумите. Тоа кажува сѐ. Повеќе од 24 месеци не беше појавена на ниту една седница, па како сакате кооперативност со советничките групи. Треба да покажеме широка визија, најнапред поради граѓаните – изјави министерот Перински во интервју за Алсат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.