Според новиот Детален урбанистички план за земјиштето во поранешната фабрика „Алумина“, се предвидува да се градат згради кои можат да бидат високи и до 35 метри. Според одредбите од ДУП-от, се предвидува намена домување и комерцијално-деловна намена.
Анкетни листови со забелешки на овој план можат да поднесат само оние кои се сопственици на земјиште во просторот на „Алумина“. Во овој случај, тоа е сопственикот на земјиштето „Пуцко Петрол“, пишува СДК.мк додавајќи дека компанијата ова земјиште го купи од израелската компанија „Газит глоуб“ во 2018 година.
Граѓаните кои имаат куќи веднаш до новиот комплекс згради кој се планира и кои живеат тука со години немаат право да поднесат анкетен лист оти не се во овој блок кој се планира. Според 3Д презентацијата која е објавена на веб страната на Општина Карпош, на просторот се нацртани осум згради, од кои шест се со висина од 9 до 14 ката, а две се кули од 25 до 35 ката.
Јавната презентација за ДУП-от ќе се одржи на 12 декември (вторник) во 13 часот во просториите на Општина Карпош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.