Реконструкцијата на пешачката патека на улицата Љубљанска е во тек, а екипите на ЈП Улици и патишта деновиве го асфалтираа потегот од улицата Волгоградска кон улицата Разловечко востание, на површина од 550 квадратни метри.
Пешачката патека се реконструира на вкупна површина од 2300 квадратни метри, во насока од булевар Партизански одреди до булеварот Илинден, а досега се реконструирани и асфалтирани околу 1000 квадратни метри. Во наредниот период, градежните активности продолжуваат на потегот од улицата Разловечко востание до булевар Илинден.
Со обновувањето на пешачката патека ќе се олесни движењето на пешаците на овој потег и ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот во овој дел на градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.