Мапирање на јавни површини и поставување на пристапни рампи, субвенции за пристапни рамки во угостителските објекти, најмалку едно вработено лице со попреченост во општината, се дел од активностите кои ги договориле градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и Теодор Богоевски, советник во Владата за лица со попреченост, а кои ќе им го олеснат животот на овие граѓани во оваа општина.

Освен тоа, и да се ангажира лице обучено и задолжено за лицата со попреченост за совет, помош или асистенција при остварување на своите права и обврски кон општината, како и лицата со попреченост да бидат меѓу приоритетните групи при распоредување на буџетот на општината, како о вложување во поквалитетна настава за деца со попреченост и опремување на сензорни соби.

Општината заедно со здруженијата на лица со попречености активно започнува да работи на реализација на овие цели. Сите наши граѓани заслужуваат еднакви услови за живот – вели Герасимовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.