Исполнето уште едно ветување на градоначалничката Арсовска за 82 дена од градоначалничкиот мандат, пристапност на лицата со попреченост до сите градски институции, но ова е само почетокот на стратегијата за институциите под надлежност на Град Скопје да биде достапен и пристапен за сите граѓани.

Прилагоден е пристапот за лицата со попреченост во 9 јавни претпријатија, 7 јавни и културни установи и во 23 средни училишта во градот Скопје.

Во изминатите два месеци овозможено е адаптирање во средните училишта во Скопје, и тоа во:

– СУГС „Кочо Рацин” ( надворешна рампа и обележано паркинг место)
– СУГС „Михајло Пупин” ( две надворешни рампи, лифтовска платформа, лифт, адаптиран тоалет, обележано паркинг место и опремена фискултурна сала со сите потребни реквизити)
– СУГС „Јосип Броз Тито” ( надворешна рампа и адаптиран тоалет)
– СУГС „Панче Арсовски” ( надворешна рампа)
– СУГС „Васил Антевски Дрен” ( надворешна рампа и обележано паркинг место)
– СУГС „Димитар Влахов” ( надворешна рампа)
– СУГС „Никола Карев” ( надворешна рампа)
– СУГС „Марија Кири Склодовска” ( надворешна рампа и обележано паркинг место)
– СУГС „Владо Тасевски” ( надворешна рампа, адаптиран тоалет и обележано паркинг место)
– СУГС „Георги Димитров” ( две надворешни рампи, адаптиран тоалет и обележано паркинг место)
– СУГС „Д-р Панче Караѓозов” ( надворешна рампа, адаптиран тоалет и обележано паркинг место)
– СУГС „Браќа Миладиновци” ( надворешна рампа, две внатрешни рампи, адаптиран тоалет и обележано паркинг место)
– СУГС „Орце Николов” ( надворешна рампа, две внатрешни рампи и обележано паркинг место)
– СУГС „Цветан Димов” ( две надворешни рампи и обележано паркинг место)
– СУГС „Зеф Љуш Марку” ( надворешна рампа и обележано паркинг место)
– СУГС „Шаип Јусуф” ( надворешна рампа, обележан паркинг простор и четири адаптирани тоалети)
– СУГС „Раде Јовчевски Корчагин” ( надворешна рампа и обележано паркинг место)
– СУГС „Арсени Јовков” ( надворешна рампа, поставен лифт и лифтовска платформа, обележано паркинг место)
– СУГС „Осми Септември” ( надворешна рампа и обележано паркинг место)
– СУГС „Сарај” ( надворешна рампа, адаптиран тоалет и обележано паркинг место)
– СУГС „Боро Петрушевски” ( надворешна рампа, адаптиран тоалет и обележано паркинг место)
– СУГС „Лазар Танев” ( надворешна и внатрешна пристапна рампа, адаптиран тоалет и обележано паркинг место)
– СУГС „Здравко Цветковски” (адаптиран тоалет за лица со попреченост, опремена фискултурна сала со сите потребни реквизити и справи за лица со попреченост)

Пристапни рампи/ лифт за лицата со попреченост овозможени се во Јавните културни установи во градот Скопје, и тоа:

– Културно информативен центар – Скопје
– Дом на култура „Кочо Рацин” – Скопје
– Младински културен центар – Скопје
– Музеј на Град Скопје
– Зоолошка градина – Скопје
– Детски културен центар – Карпош
– Градска библиотека „Браќа Миладиновци”

Поставени се пристапни рампи за лицата со попреченост во сите Јавни претпријатија во Град Скопје, и тоа во:

– ЈП Паркови и зеленило – Скопје
– ЈП Градски паркинг – Скопје
– ЈП Улици и патишта – Скопје
– Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје
– ЈП Комунална хигиена – Скопје
– ЈП Водовод и канализација – Скопје
– Депонија Дрисла – Скопје
– ЈП за благосостојба на животни скитници Лајка – Скопје
– ГЕС СКОПЈЕ ГАС ДООЕЛ – Скопје

Град Скопје ќе продолжи да ги исполнува барањата на граѓаните и организациите, со цел целосна пристапност и отвореност на сите градски институции за сите скопјани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.