Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, денес одржува приемен ден за преку 30 жители на општина Кисела Вода. Со цел да им се излезе во пресрет на што повеќе лица за решавање на нивните проблеми, а и да се слушнат сите забелешки, сугестии и идеи што треба да го подобрат секојдневното живеење, средбата се одржува саботно, кога граѓаните имаат повеќе слободно време.
Градоначалникот Ѓорѓиевски, директно со жителите разговара околу можните решенија за проблемите што ги засегаат. Се дискутира и околу проектите кои се зацртани во неговата програма, а значат директен одговор на нивните барања и потреби. Ваквите непосредни средби со жителите во нивната Општина, се корисни и за нив и за Општината, поради можноста за изворно информирање за проблемите, а со тоа и побрза реакција и решавање на истите. Приемните денови кои секојдневно се одвиваат ќе продолжат со несмалена динамика. Истите се закажуваат на телефон 02/2785-401, каде граѓаните се информираат за датумот и времето на средбата, информираат од кабинетот на градоначалникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.