Денеска 13.08.2024 година (вторник) во 14:30 часот Претседателот на Влада на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на надзор на градежни активности за доградба и надоградба на детската градинка Срничка на објектот Изворче во Општина Аеродром, соопшто владината прес служба.
Вредноста на проектот е околу 120.000.000 денари, заеднички финансиран со средства од Владата и Општина Аеродром, а рокот на изградба е 12 месеци.
Доградениот дел ќе претставува комплетен објект со сите неопходни содржини за згрижување на околу 170 деца од 0 до 6 годишна возраст.
Проектот е од исклучително значење за жителите на Општина Аеродром, каде што живеат многу млади семејства со мали дечиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.