Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи настанот „Повторно заедно“, во организација на Здружението „Аутизам ААМК“.

Настанот се организира по петти пат во април – месец посветен на зголемувањето на свесноста за лицата со аутизам, нивно прифаќање, почитување и инклузија.

-„Повторно заедно“ и годинава ќе биде огромна игротека на отворено, со бројни активности: кошарка, ракомет, „Не лути се човече“, големи сложувалки, спортски вежби, забава, музичко и ликовно катче, како и базарче со изработки од лица со атипичен развој. Сцената на Школка ќе биде богата и шаренолика со бројни настапи, како на типични, така и на атипични деца. Настанот е од отворен тип, добредојден е секој кој сака да сподели и да добие љубов, соопштија организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.