Од Град Скопје информираат дека продолжува проектот за поставување ЛЕД светлосни дигитални сообраќајни знаци со пиктограм, на локации каде имало сообраќајни незгоди и кои се нотирани како високо ризични за пешаците, со цел зголемување на видливоста. Поставени се нови знаци на булеварот „Партизански одреди“ кај „Палма“ и на улицата „Јордан Мијалков“.
ЛЕД светлосните дигитални сообраќајни знаци со пиктограм се поставуваат во близина на училишта, градинки и фреквентните булевари и улици, а целта е да се зголеми видливоста на пешачките премини, со што се зголемува внимателноста на возачите при движење во сообраќајот. ЛЕД сообраќајните и ретрорефлективни знаци можат да ја зголемат видливоста до 60 проценти, што може директно да влијае на безбедноста и времето за маневрирање при возење, со што се намалува или избегнува можноста за сообраќајни несреќи, предизвикани од реакција при недоволно растојание. Овие ЛЕД сообраќајни знаци можат да ги намалат сообраќајните незгоди на локалните патишта за повеќе од 70 отсто, се додава во соопштението.
Во соопштението се додава дека контрастот на клучните информации на ЛEД сообраќајните знаци во текот на ноќта и при тешки временски услови е зголемен за 35 проценти.
Како што се посочува, со овој вид сигнализација, функцијата за предупредување е значително подобрена и истата има позитивна улога во зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.