Почна поставувањето на бројчаници на семафорите на на крстосниците на булеварот со улиците „Натанаил Кучевишки“, „Боца Иванова“ и „Босна и Херцеговина“.

Како што информираат од Град Скопје, бројчаници на семафорите во Скопје ќе бидат поставени дополнително и на уште неколку семафори за кои е детектирано дека се од важност за регулирање.

– Едно од ветувањата во предизборната кампања за локалните избори на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска беше поставувањето на бројчаници на семафорите, на крстосниците каде не се следи движењето од Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје – ЦУКС.

Покрај поставувањето на бројчаниците, како што се вели во соопштението, реализирано е и ветувањето за враќањето на зелениот бран на делниците во надлежност на Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.