По повод лидерскиот состанок во Процесот Брдо – Бриони, утре и задутре (10.09. и 11.09) во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај, соопшти МВР.

Во текот на овие два дена во официјална посета на Република Македонија ќе бидат поголем број странски делегации и од тие причини сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје ќе се одвива под услови на посебен режим на сообраќај, наведува Министерството.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.