Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 24.05.2023 година (среда) во периодот од 12.00 до 14.30 часот, поради одржување на синдикален протест, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.

Како што соопштија од МВР, протестот ќе се одвива со траса на движење од Жена-парк на ул.„11 Октомври“, преку ул.„Димитрие Чуповски“, бул.„Св. Климент Охридски“ и ул.„Св. Кирил и Методиј“, па сѐ до зградата на Министерство за образование и наука.

Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот, наведуваат во соопштението од министерството.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.