ЈСП Скопје информираше дека времено нема да работи Жичарницата на Водно поради силниот ветер.
Ве информираме дека Жичарницата од утринава, времено не е во функција поради силниот ветер. Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичарницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, соопштија од ЈСП Скопје, под чија е капа е Жичарницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.